Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп ги отфрли загриженостите на американските потрошувачи за повисоките цени на бензинот, кои се последица на неговата одлука да го нападне Иран.
„Ако плаќате малку повеќе за бензин, само запомнете дека го правите тоа затоа што не сакаме, земја која е всушност најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот, да има нуклеарно оружје“, рече Трамп за време на говорот на настан во Њујорк, пренесува Политика.
„Плаќате четири долари. Во ред е… Никогаш нема да се извинам. Го направив правилното“, додаде Трамп.
Инфлацијата во САД малку се намали минатиот месец, додека цените на горивото и храната паднаа, иако цените сè уште растат побрзо отколку пред почетокот на војната со Иран, што претставува предизвик за Белата куќа пред изборите за Конгресот.
Фјучерсите на суровата нафта пораснаа за повеќе од еден долар за барел по вестите за нападите врз танкерите и недостатокот на напредок во мировниот договор меѓу администрацијата на Доналд Трамп и Иран.
Фјучерсите за нафтата „Брент“ се затворија на 88,52 долари за барел, што е зголемување од 1,45 долари или 1,67 проценти. Фјучерсите за американската сурова нафта „Западен Тексас интермедијар“ (WTI) завршија на 82,40 долари за барел, што е зголемување од 1,15 долари или 1,42 проценти.
„Брент“ и „WTI“ се на добар пат да ја завршат неделата со пораст од шест проценти и 5,4 проценти, соодветно, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








