Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските претставници разговарале со медијатори кои се обидуваат да ја прекинат војната меѓу САД и Иран и повтори дека Вашингтон наскоро ќе го добие конфликтот.
„Ќе победиме. На еден или друг начин. Ќе оди доста брзо“, им рече Трамп на новинарите. Тој додаде дека очекува остар пад на цените на горивата по завршувањето на војната. Изјавите на Трамп доаѓаат по неколкудневна зголемена дипломатска активност.
Катар и другите регионални медијатори се обидуваат да ги обноват разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, но двете страни остануваат далеку од своите ставови по клучните прашања. Иран сака да разговара за повторно отворање на Ормуската Теснина и американската поморска блокада, додека администрацијата на Трамп бара отстапки поврзани со нуклеарната програма на Иран.
Во саботата, Трамп го отфрли најновиот предлог на Иран дека Техеран ќе го отвори Ормуцката Теснина во рок од седум дена и ќе ги продолжи нуклеарните разговори ако САД ја укинат поморската блокада, ги ублажат санкциите за продажба на иранска нафта и се согласат на прекин на огнот. И покрај ова, американските претставници велат дека контактите преку посредници продолжуваат
Цените на горивата остануваат едно од политички најчувствителните прашања за Трамп.
Просечната цена на галон бензин во САД овој викенд беше околу 4,49 долари, додека дизелот беше околу 6,48 долари. Трамп со недели тврди дека цените на енергијата ќе паднат по завршувањето на војната, пренесува Вијести.ба.
Фото Економија и бизнис








