Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа мапа на Ормуската Теснина и ја прогласи за американска територија.
Објавената слика прикажува мапа што ги вклучува Ормуската Теснина, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи.
Над тоа е коментарот – „нова територија на САД“.
Трамп само еден ден претходно изјави дека САД имаат „тотална контрола“ врз целиот регион што има врски со Ормуската Теснина.
„И тоа значи многу, вклучително и копнената површина. Значи, би сакале тие (Иранците) да склучат договор, но тие не се подготвени да склучат вистински договор, според мене“, наведува Трамп, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








