ТРАМП: Договорот за нафта со Венецуела  ќе помогне за намалување на цените

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД и Венецуела минатиот месец го потпишаа, како што изјави, најголемиот договор за нафта во историјата, кој вклучува 65 милијарди барели нафта. Во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации, Трамп рече дека договорот ќе донесе „огромни придобивки“ за Венецуела и САД и ќе помогне во намалувањето на цените на енергијата низ целиот свет.

Тој изјави дека, кога ќе се соберат ресурсите на САД и Венецуела, двете земји поседуваат повеќе од 60 проценти од светските резерви на нафта, оценувајќи дека тоа е „можеби најголемиот договор досега склучен“, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано