Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.
Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени Целзиусови, а во некои места ќе надмине 40 степени.
Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
извор МИА








