ТОПЛОТНИОТ БРАН ВО ЈУНИ ГО ПРЕПОЛОВИ ПРИНОСОТ НА ЖИТО ВО ЕВРОПА

Јунскиот топлотен бран во Европа го погоди посевите со жито, според проценките,  изгубено е производство вредно две милијарди евра, а Франција и Унгарија претрпеа најголема штета.

Жештината ја погоди пченицата на европските полиња во критичниот период кога на зреење на житарките, како и на пролетниот јачмен и други култури, објави европското здружение COCERAL, кое ја претставува трговијата со житарки, сточна храна и маслодајни растенија.

Половина од намалувањето на проценетиот европски житен посев се однесува на пченката, а COCERAL ја намали прогнозата за производството на таа култура во ЕУ и Велика Британија од 57,2 милиони тони на 52,7 милиони.

ЕУ е нето увозник на култури во годините со лоша жетва, што значи дека недостигот би можел да значи поголема побарувачка за производи од други земји, вклучувајќи ги Украина и Бразил.

Помалата  жетва во Франција би можела да ја намали и количината достапна за извоз на купувачите во Северна и Западна Африка, додека повисоките трошоци за добиточна храна веројатно ќе се пренесат на производителите на добиток во наредните месеци.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано