Честите топлотни бранови можат да влијаат на економската продуктивност на среден рок и да го задушат економскиот раст, предупреди гувернерот на Банката на Франција, Емануел Мулен.
Според него, честите топлотни бранови имаат недвосмислено негативен ефект врз растот на среден рок и потенцијално негативно влијание врз продуктивноста поради зголемената потрошувачка на енергија во сезоната на масовна употреба на уреди за ладење, пишува францускиот Фигаро.
„Ова се однесува на топлотните бранови, но и на шумските пожари и поплавите. Климатските промени претставуваат значаен ризик за финансискиот сектор, за Банката на Франција и Европската централна банка (ЕЦБ) бидејќи влијаат на банкарските средства, завршните сметки и осигурителната индустрија“, рече Мулен.
Тој потсети дека Европа се соочува со големи енергетски шокови и екстремни временски настани.
„Важно е да се продолжи со инвестирање во декарбонизација. За да се постигне ова, финансискиот сектор мора да ја игра својата улога, вклучително и приватниот сектор. Не е доволно да се мобилизираат само јавни средства“, предупреди Мулен, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис







