Во осигурувањето најчесто се зборува за полиси, покритија и процедури. Но зад секоја полиса стојат луѓе – професионалци кои секојдневно работат клиентите да се чувствуваат сигурно и поддржано.
По повод Месецот на жената, Халк Осигурување ја реализира кампањата „Таа зад полисата“, иницијатива посветена на жените вработени во компанијата кои со својата експертиза, одговорност и човечки пристап ја градат довербата што осигурувањето ја носи.
Кампањата се реализира преку серија кратки видеа кои се објавуваат на дигиталните канали на компанијата, прикажувајќи колешки од различни сектори – продажба, прием и ликвидација на штети, финансии, контакт центар и корпоративни функции. Преку нивните приказни, јавноста има можност да погледне зад процесите и да ги запознае луѓето кои стојат зад секој договор, секоја решена штета и секое позитивно клиентско искуство.
Со оваа кампања, Халк Осигурување испраќа јасна порака дека осигурувањето не е само услуга, туку тим од професионалци кои секојдневно создаваат сигурност и доверба.
„Таа зад полисата“ претставува и дел од Employer Branding стратегијата на компанијата, преку која се истакнува корпоративната култура базирана на професионалност, еднакви можности и меѓусебна поддршка. Кампањата има за цел да ја доближи работната средина до јавноста и да покаже дека успехот на компанијат а се темели на луѓето кои ја градат одвнатре.

Халк Осигурување функционира во мултиетничко и динамично општество, каде различноста и инклузивноста се препознаваат како вистинска вредност. Компанијата активно вложува во средина во која секој вработен има можност да се развива, да придонесува и да биде слушнат.
Според интерните податоци на компанијата:
- 64 % од вкупниот број вработени се жени
- 66% од раководните позиции ги извршуваат жени
- 58 % од новите вработувања во изминатата година се жени
- Компанијата одржува принцип на еднакви можности и еднаква плата за еднаква работа
Овие показатели ја потврдуваат определбата на Халк Осигурување кон градење инклузивна и балансирана работна средина, каде професионалниот развој се темели на знаење, посветеност и резултати.
Со кампањата „Таа зад полисата“, компанијата го насочува вниманието кон човечката страна на осигурувањето – луѓето кои секојдневно стојат зад сигурноста на клиентите.
Овој март, Халк Осигурување ја слави жената зад сигурноста.
Затоа што зад секоја полиса – стои човек.






