СТАНОВИТЕ ВО ЕУ ПОСКАПЕЛЕ ЗА 4,7 ПРОЦЕНТИ, Бугарија и Португалија со највисок раст

Цените на станбените недвижности во ЕУ се зголемија за 4,7 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2026 година, додека на ниво на Еврозоната е регистриран раст од четири проценти, објави Евростат.

Растот на цените на недвижностите во Еврозоната забави во споредба со првиот квартал од 2026 година, кога изнесуваше 4,6 проценти, додека во Европската Унија забави од 5,1 процент.

Во споредба со претходниот квартал, цените на куќите во Еврозоната се зголемија за 1,1 процент, а во Европската Унија за 1,2 проценти. Меѓу земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци, цените на становите на годишна основа се намалија во Финска за 2,7 проценти, по што следуваат Луксембург за 2,2 проценти и Франција за 0,8 проценти.

Највисок годишен раст на станбените недвижности е забележан во Португалија од 16,5 проценти, Бугарија од 15,5 проценти и Литванија од 14,3 проценти.

Кириите во Европската Унија, исто така, се зголемија за три проценти на годишно ниво, а на квартално ниво за 0,7 проценти.

Ако ги споредиме податоците од вториот квартал од 2026 година со просекот за 2025 година, кириите се зголемиле во сите земји од Европската Унија, највисоко во Романија од 41,2 проценти, Хрватска од 22,1 процент и Словенија од 10,2 проценти, според податоците на Евростат на нејзината веб-страница.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано