Индустриско производство во Еврозоната се намали во мај за 0,2 проценти на месечно ниво, а во целата Европска Унија за 0,1 процент, според првата прелиминарна проценка објавена денес од Евростат.
Во Европската Унија, производството на меѓупроизводи се намали за 0,1 процент во споредба со април, а на трајни потрошувачки добра за 0,4 проценти.
Спротивно на тоа, производството на енергија регистрираше месечен раст од два проценти, на нетрајни потрошувачки добра за 0,6 проценти и капитални добра за 0,3 проценти.
Меѓу земјите што ги објавија своите податоци, најголем месечен пад на индустриското производство е забележан во Ирска за 5,2 проценти, во Малта за 3,7 проценти и во Литванија за три проценти, а најголем раст во Луксембург за 2,7 проценти, Унгарија за 2,3 проценти и Полска за два проценти.
На годишна основа, во споредба со мај 2025 година, индустриското производство се намали за 1,2 проценти во Еврозоната и за 0,3 проценти во Европската Унија.
Во Европската Унија, производството на меѓупроизводи се зголеми за 1,7 проценти на годишно ниво, како и на енергија за 1,6 проценти, капитални добра за три проценти, додека производството на трајни производи за широка потрошувачка се намали за 1,7 проценти, а на нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,1 процент.
Најголем годишен пад на индустриското производство е регистриран во Ирска од 19,7 проценти, Бугарија од 4,7 проценти и Естонија од 3 проценти, а најголем годишен раст во Данска и Шведска, од по 6,5 проценти, Латвија од 6,2 проценти и Унгарија од 5,4 проценти, според податоците на Евростат.
Фото Економија и бизнис








