Подната фонтана повторно ќе биде симболот на Скопје. По повеќе од една деценија заборав, негрижа и пропаѓање – конечно се враќа во функција, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.
Тој информираше дека во моментов се изведуваат градежните активности и најави оти за само неколку дена, подната фонтана повторно ќе заживее.
– Во изминатиот период ги вративме во функција и „Лотосов цвет“, со децении заборавена фонтана, „Воин на коњ“, „Филип II Македонски“, „Олимпија“, „Паднати борци“, плоштадот „ВМРО“, а повторно засвети и Вечниот оган. Ги враќаме симболите на градот. Го враќаме сјајот на Скопје. Го враќаме она што со години беше оставено и заборавено. Скопје живее. И Скопје мора да биде такво – убаво, достоинствено, гордо и наше. Скопје какво што го заслужуваме – пишува во објавата на Фејсбук.
Фото: Фејсбук-страница на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски








