Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да биде „молчи и слушај“, и кандидатите имаат што да кажат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека Европската Унија треба сериозно да ја преиспита методологијата на преговорите со земјите кандидати и да се откаже од пристапот „молчи и слушај“. Според неа, кандидатите за членство не смеат да бидат третирани како помлади партнери без право на сопствен став.

Таа нагласи дека Македонија не треба да се однесува фрустрирано и субмисивно поради тоа што е мала држава, туку аргументирано да ги брани своите национални интереси. „Мора да ги изнесете националните ставови и да ги браните, а таков ќе биде и односот кон вас“, порача претседателката, во интервју за МИА.

Сиљановска-Давкова оцени дека и самата ЕУ има потреба од длабоки реформи и дека европските принципи и вредности треба да важат подеднакво за сите. Таа изрази уверување дека Македонија може многу побрзо да напредува кон членството доколку постои јасна и предвидлива европска перспектива.

Повеќе од истиот автор

Најчитано