ШВАЈЦАРИЈА СО НАЈВИСОКА ГОДИШНА ИНФЛАЦИЈА ОД ЕДЕН ОТСТО

Горивата во Швајцарија се поскапи за една третина, но вкупната годишна инфлација во земјата се искачи на 1% во септември, од 0,8% во август, и сега е на највисоко ниво во последните две години, според извештај објавен од швајцарскиот завод за статистика BFS.

Главните двигатели беа поскапите нафтени деривати и послабиот швајцарски франк, но растот на цените е сè уште многу поблаг отколку во поголемиот дел од Европа, објавува Swiss info.

Според официјалните податоци, цените на транспортот забележаа годишен раст од 3,6% во споредба со 2,7% во август, додека цените во информатичкиот и комуникацискиот сектор се зголемија за 1,9% во споредба со 0,9% во август.

Нафтените деривати се зголемија по цена за дури 31,2% на годишно ниво, а енергетските производи и горивата за 11,7%.

Трошоците за домување и енергија се зголемија за 2,2% на годишно ниво, забрзувајќи го растот од 2% во август, додека цените на рестораните и хотелите се зголемија за 0,8%, во споредба со 0,5% претходниот месец, пренесува Бизнис и финансии.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано