ШТО СЕ СЛУЧИ СО ЗЛАТНАТА ДОБА НА ТРАМП? – економијата на САД е далеку од најавениот забрзан економски раст

Економската слика на Соединетите Американски Држави не ги потврдува големите ветувања на администрацијата на претседателот на земјата, Доналд Трамп, за ново „златно доба“ и забрзан економски раст од шест проценти, објави американскиот новински портал Аксиос..

Како што е наведено, иако економијата покажа отпорност, благодарение на потрошувачката и инвестициите во вештачка интелигенција, растот е побавен од она што го објавија претставниците на Трамп.

Економијата на САД порасна со годишна стапка од 1,5 проценти во вториот квартал, по растот од 2,1 процент во првиот квартал. Тоа е стабилен резултат, но далеку под амбициозните прогнози на администрацијата, која претходно објави можност за раст од пет до шест проценти.

Економистите проценуваат дека таквото темпо би барало исклучително силен раст на продуктивноста, што во моментов не се гледа во податоците.

Канцеларијата за буџет на Конгресот проценува дека долгорочниот потенцијален раст на американската економија во следната деценија ќе биде околу два проценти годишно.

Забавувањето на економијата беше под влијание на неизвесноста околу царинските давачки, сè уште присутната инфлација и геополитичките тензии. Сепак, потрошувачката и корпоративните инвестиции останаа силни, што администрацијата на Трамп го посочува како доказ за стабилноста на економијата, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано