Компаниите отсега ќе можат побрзо и со помал административен товар да ангажираат лица за повремени и сезонски работи преку надградениот електронски систем на Агенцијата за вработување. Како што објаснува Кристијан Трајковски, проектен координатор во Центарот за истражување и креирање политики, постапката која претходно вклучувала повеќе административни чекори сега се заменува со едноставна електронска регистрација.
За регистрација на ангажманот потребни се матичен број на лицето, трансакциска сметка и телефонски број за потврда на ангажманот. По истекот на утврдениот период, ангажманот автоматски завршува, без потреба од дополнителна одјава.
Системот е поврзан и со Управата за јавни приходи, при што со потврдата автоматски се генерираат декларациите и налозите. Дополнителна придобивка за компаниите е плаќањето паушален износ за социјално осигурување за секој ангажман, додека за граѓаните законското решение овозможува студенти, невработени, корисници на социјална помош, пензионери и други категории да остварат дополнителен приход под условите утврдени со закон.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОВ








