Белата куќа обвини повеќе од 40 земји, вклучувајќи ги Канада, Мексико, Јапонија или Европската Унија (ЕУ), дека ѝ помагаат на Кина да ги избегне американските тарифи, кои наводно можат да пренасочат стоки преку посреднички земји кои имаат пониски тарифи од Кина.
Во извештајот за таканаречената измама со претовар се наведува дека станува збор за избегнување на тарифи за трговија вредна 60 милијарди долари.
Различни проценки покажуваат дека може да станува збор за обем на претовар на стоки во вредност помеѓу 40 и 303 милијарди долари.
Шефот на канцеларијата на Белата куќа за трговија и индустриска политика, Питер Наваро, изјави дека Кина користела многу софистицирани начини за претовар на стоки уште од кога претседателот Доналд Трамп првпат воведе тарифи во 2018 година.
Извештајот е објавен по серија меѓусебни санкции меѓу САД и Кина, само неколку недели пред планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг во Вашингтон.
Според проценките на американската влада и приватниот сектор што ги цитираше Белата куќа, стоки во вредност од помеѓу 30 милијарди и приближно 300 милијарди долари се пренасочени од земји со повисоки тарифи во земји со пониски царински стапки.
Властите на САД, исто така, користат алатки базирани на вештачка интелигенција за да откријат обиди за такво пренасочување на стока.
Во април 2025 година, Трамп воведе широки тарифи за десетици трговски партнери на САД, почнувајќи од неговата долгогодишна позиција дека тарифите ќе ја зголемат вработеноста и американската економија, пишува Би-Би-Си.
Фото Економија и бизнис








