Расте интересот за електрични возила во Албанија, 6396 регистрани за седум месеци

Албанскиот пазар на возила доживува значителна промена во изборот на потрошувачите, при што целосно електричните возила заземаат сè поголем удел во новите регистрации во 2026 година.

Генералниот директорат за услуги за патен транспорт објави дека, во периодот јануари-јули 2026 година, за првпат се регистрирани 6.396 целосно електрични возила, бројка што претставува зголемување од 126% во споредба со истиот период минатата година.

Според податоците на директоратот , електричните возила сочинуваат 40,5% од вкупните возила со нулта километража регистрирани во седумте месеци од годинава, што претставува зголемување од 68% во споредба со периодот јануари-јули 2025 година.

Повикувајќи се на податоците, во последните години се забележува растечка ориентација кон возила со почиста технологија и постепена трансформација на возниот парк во земјата.

Повеќе од истиот автор

Најчитано