ПРОСЕЧНИОТ АМЕРИКАНЕЦ ДОЛЖИ 1,40 ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ ЗАРАБОТЕН ДОЛАР, повеќето домаќинства немаат заштеди во случај на вонредни настани

Просечниот Американец има околу 63.000 долари долг, додека заработува околу 45.000 долари годишно. Ова значи дека за секој заработен долар, има приближно 1,40 долари обврски, што укажува на голем товар врз личните финансии. Авторите на новото истражување на порталот ConsumerAffairs предупредуваат дека поради ова, многу домаќинства немаат доволно финансиски резерви за непредвидени ситуации, како што се губење на работата или големи медицински трошоци.

Анализата, исто така, испитала колку успешно граѓаните ги исполнуваат своите обврски. Резултатите покажуваат дека значителен број Американци доцнат со отплатата на долгот, што дополнително го зголемува ризикот од финансиски проблеми. Особено загрижувачки се случаите кога доцнењето трае подолго од три месеци.

Експертите велат дека сериозните доцнења, т.е. повеќе од 90 дена без плаќање, можат да го отежнат пристапот до нови кредити на долг рок и да ги зголемат трошоците за позајмување.

Вкупниот долг на Американците по кредитни картички достигна рекордни 1,25 милијарди долари. Во исто време, високите каматни стапки и постојано покачената инфлација доведоа до зголемен број граѓани кои доцнат со отплатата на долговите по кредитни картички или воопшто не ги отплаќаат своите обврски, пренесува Бизнис.рс.

Според податоците од филијалата на Федералните резерви на САД во Њујорк, Луизијана има најголем процент на граѓани кои доцнат со отплатата на хипотеката, Невада е водечка во доцнењето со отплатата на долговите по кредитни картички, додека Мисисипи има голем број жители кои заостануваат со различни видови плаќања.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано