ПРОСЕЧНАТА БРУТО ПЛАТА ВО СЛОВЕНИЈА ИЗНЕСУВА 2.700 ЕВРА

Просечната месечна нето плата во септември во Словенија изнесуваше 1.698,84 евра, што е номинален пораст од 0,6 проценти, односно реално за 0,7 проценти  во споредба со август, објави Словенечкиот завод за статистика.

Највисоки просечни нето заработки се забележани во секторот телекомуникации, компјутерско програмирање, консалтинг, компјутерска инфраструктура и други информациски услуги, каде што достигнаа 2.205,34 евра.

Вработените во сместувањето и угостителството имаа најниски плати, со просек од 1.279,20 евра нето.

Во периодот од јануари до септември, просечните словенечки нето плати беа повисоки за 6,6 проценти во номинален износ и реално за 3,4 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Просечната бруто плата во Словенија достигна 2.711,48 евра во септември.

Податоците од Заводот за статистика покажуваат и дека 4,3 проценти од вработените примиле бруто плата најмалку двојно поголема од просечната.

Четвртина од вработените имале бруто плата поголема од 3.181 евра, додека половина примиле помалку од 2.333 евра.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано