ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ Е НЕГАТИВЕН ВО 66 ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА, објави ДЗС

Во првото тримесечје во 2026 година, природниот прираст е негативен во 66 општини во Македонија, објави Државниот завод за статистика

Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3 380 и е намален за 4,1 %. 
 
Бројот на умрените лица во првото  тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1,0 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5 342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 1 797 бракови и нивниот број е намален за 2,7 % во споредба со  истиот период од 2025 година, а регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6,2 % во споредба со истиот период од 2025 година.

Главни поенти

Во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година:

  • помалку живородени деца за 4,1 % 
  • помалку умрени лица за 1,0 % 
  • помалку склучени бракови за 2,7 % 
  • повеќе разведени бракови за 6,2 

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано