ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ Е НЕГАТИВЕН И ВО ГРАДСКИТЕ И ВО СЕЛСКИТЕ ПОДРАЧЈА ВО МАКЕДОНИЈА, во селските подрачја имало помал процент на разводи од градските  

Во 2025 година, во градските подрачја се живородени 9 535 деца, што е 60,2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 315 деца или 39,8 % се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 41,6 %, а најмало Источниот Регион со 6,1 %, објави Државниот завод за статистика.

Во градските подрачја умреле 12 902 лица или 63,6 %, а 7 385 лица или 36,4 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30,4 %, а најмало Североисточниот Регион со 8,0 %. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 37, додека во селските подрачја умреле 25 доенчиња. 

Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 367 лица, a во селските подрачја -1 070 лица. 

Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 5 782 или 55,0 %, наспроти 4 725 бракови или 45.0 % во селските подрачја. 

Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1 438 или 65,8 %, додека во селските подрачја има 747 разводи или 34.2 % од вкупниот број разводи. Процентот на разводи во селските подрачја (15,8 отсто) е понизок во однос на градските (20,8 отсто).

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 34,9 % имаат преселбите од село во град, а Североисточниот Регион има најголемо учество со 47,4 %.

Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 50,9 %, наспроти меѓуградските со учество од 2,7 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 3 877 лица, а најмало во Североисточниот Регион, односно 40 лица.

Главни поенти

Во 2025 година:

  • Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 41,6 %, а најмало Источниот Регион со 6,1 %
  • Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30,4 %, а најмало Североисточниот Регион со 8,0 %
  • Учеството на  склучените бракови со  55,0 % и на разведените бракови со 65,8 % е поголемо во градските подрачја 
  • Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 50,9 %, наспроти меѓуградските со учество од 2,7 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 3 877 лица, а најмало во Североисточниот Регион, односно 40 лица

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано