ПРЕПОЛОВЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ ПО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Проектот „Безбеден град“ претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните, а резултатите веќе го потврдуваат тоа.

Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година.

Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите – туку неодговорното возење, информираат од МВР.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано