Повторно се активира пожарот над штипската населба Кадидаре

Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница.

На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштов ДПД Штип, како и екиупи на штипски јавни перторијатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и пробиваат патишта бидејќи станува збор за тежок непристапен терен.

Како што информира допосничката на МИА од Штип, на теренот надлетува и еден од „ер тракторите“.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано