Цела Куба денеска остана без електрична енергија. Операторот на електричната мрежа соопшти дека околу 10 милиони луѓе се без струја и оти се истражува причината за целосниот прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Пред денешниот колапс на електричната мрежа, речиси две третини од Куба беа без струја. Кубанската влада ја штеди струјата со рестрикции што можат да траат повеќе од 24 часа.
Во средината на мај без електрична енергија останаа источните провинции на Куба, додека во март цела земја немаше струја.
Куба со години е под американско ембарго, но ситуацијата се влоши во јануари кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за секоја земја која ќе и продаде или даде нафта на Хавана, со што се продлабочи економската и финансиската криза на островот. Куба сама обезбедува само 40 проценти од потребната нафта








