Германските возачи се соочуваат со нов удар врз буџетот на домаќинствата поради повисоките цени на горивата кои достигнуваат највисоко ниво. Споредбата на цените покажа дека Германија е на врвот на најскапите земји во ЕУ кога станува збор за гориво. Холандија и Финска се поскапи за бензин, додека само Италија и Холандија се пред Германија за дизел.
За возачите кои живеат близу до границата, одењето на бензинската пумпа во соседството носи огромни заштеди. Во Полска за резервоар со премиум бензин од 50 литри, возачите од Германија заштедуваат дури 31,45 евра. Разликата по литар бензин е неверојатни 63 центи.
Ако се полни гориво во Чешка, за дизел заштедата на резервоар од 50 литри во Чешка е околу 31,30 евра.
Експертите од германскиот автомобилски клуб ADAC истакнуваат дека даноците и државните такси се главната причина за толку големите разлики. Додека германската држава зема околу половина од вкупната цена по литар на име данок на енергија и ДДВ, соседните земји воведоа различни мерки за ублажување на повисоките трошоци за гориво. Така, Шпанија ги намалува даноците за гориво во текот на летните месеци. Австрија ги намалува даноците и ги ограничува маржите за гориво за надвор од автопатите, Чешка ги држи цените замрзнати или ограничени
Спротивно на тоа, попустот на субвенционирано гориво истече во Германија, оставајќи ги возачите без попуст од околу 17 центи по литар.
Зголемувањето на цената до 2,32 евра за литар има сериозно влијание врз секојдневниот живот на Германците, особено на оние кои патуваат на работа или работат на терен, пренесува Блиц.
Француската енергетска компанија Тотал Енерџис (TotalEnergies) денес повторно воведе ограничувања на цените на горивата на сите свои бензински пумпи во Франција, откако глобалните цени на нафтата и дериватите почнаа да растат поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Компанијата објави дека цената на еден литар бензин ќе биде ограничена на 1,99 евра, додека максималната цена на еден литар дизел ќе биде 2,25 евра на сите свои пумпи низ целата земја, објавува Фигаро.
Фото Економија и бизнис








