Годишната инфлација во еврозоната во август изнесуваше 3,3 проценти, што е скок во однос на 2,9 проценти во јули. Според првичната проценка на статистичката агенција на ЕУ Евростат, најголемо зголемување на цените во август имаше енергијата – 14,3 проценти. Во јули, зголемувањето на цените на енергијата изнесуваше 10,3 проценти. Во август, цените на услугите беа повисоки за 3,3 проценти на годишно ниво, индустриските производи за 1,2 проценти, како и цените на храната, алкохолот и тутунот. За разлика од другите области, цените на храната, алкохолните пијалоци и тутунот на годишно ниво не се зголемија во споредба со јули.
На месечно ниво, цените на енергијата најмногу пораснаа, за 2,9 проценти, додека цените на храната не се променија во споредба со јули.
Проценката на Евростат покажува дека Литванија имаше највисока инфлација во ЕУ во август – 5,8 проценти. Во Кипар таа беше 5,2 проценти, а во Шпанија 4,5 проценти.
Според првичната проценка, Естонија имала најниска инфлација во август – 1,3 проценти, по што следува Малта со 1,9 проценти.
Фото Економија и бизнис








