Вториот реактор на нуклеарната централа Гофеш, на југозападна Франција, денес повторно беше исклучен поради високите температури на реката Гарон, кои во петок треба да достигнат 28 степени, објави француската енергетска компанија ЕДФ.
Според соопштението на компанијата, вториот реактор на електраната веќе бил надвор од работа поради редовно одржување, додека производството во нуклеарната централа Гофеш беше исто така прекинато на 23 јуни за да се спречи дополнително загревање на реката во која се испушта водата за ладење од реакторот.
Температурата на испуштената вода е во просек околу 0,2 степени повисока од температурата на реката, според БФМ.
Според регулативата од 2006 година, температурата на водата од Гарон, која се користи за ладење на реакторот, откако водата за ладење ќе се испушти од електраната, не смее да надмине 28 степени, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис








