ПОПЛАДНЕВНО ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУСТВУВАН ВО БИТОЛА И ОКОЛИНАТА

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени денеска во 14 часот и 4 минути беше почувствуван во југозападниот дел на земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на Опсерваторијата, епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.

– Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала – се наведува во соопштението.

Од Опсерваторијата упатија и повик до граѓаните за прибирање податоци за сеизмолошките истражувања. – За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112 – апелираат од Сеизмолошката опсерваторија.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано