Полугодишен извештај на Македонска берза: Промет од 2,12 милијарди денари, МБИ10 во пад од 9,88 %

Во првите шест месеци од 2026 година на Македонска берза беа реализирани 2,12 милијарди денари промет преку класично тргување. Комерцијална банка беше најтргуваната акција, додека вредноста на индексот МБИ10 се намали за 9,88 %.
Тргување на Македонска берза во првата половина од 2026 година – промет од 2,12 милијарди денари и Комерцијална банка како најтргувана акција.

Прометот преку класично тргување на Македонска берза во првата половина од 2026 година достигна 2,12 милијарди денари (34,5 милиони евра), што претставува намалување од 31,34 % во споредба со истиот период лани. Најтргувана акција беше Комерцијална банка, додека индексот МБИ10 забележа пад од 9,88 %, покажуваат податоците од полугодишниот извештај на Берзата.

Полугодишен извештај: Македонска берза за периодот јануари-јуни 2026 година

Берзански резиме (јануари-јуни 2026)

Берза: Македонска берза
Вкупен промет(класично тргување): 2,12 милијарди денари
Промена(во однос на први шест месеци од 2025): -31,34%
Најтргувана акција(од официјален пазар): Комерцијална банка Скопје (839,4 милиони денари)
Топ 3 по промет: Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Македонски Телеком Скопје
Најголем раст: РЖ Техничка контрола (+16,92 %)
Најголем пад: Македонија турист (-28,91 %)
Вредност на МБИ10: -9,88 %

Најтргувани акции во првата половина од 2026 година

КомпанијаПромет
Комерцијална банка839,4 милиони денари
Алкалоид392,7 милиони денари
Македонски Телеком Скопје193,2 милиони денари
Макпетрол Скопје166,3 милиони денари
НЛБ Банка АД Скопје165,7 милиони денари

Промет на берзата

Вкупниот промет преку класично тргување на Македонска берза во првата половина од 2026 година изнесуваше 2.12 милијарди денари (34.5 милиони евра), што е за 31.34 % помалку во споредба со првите шест месеци од 2025 година

Прометот беше реализиран преку 8 641 трансакции (25,66 % помалку во однос на првата половина од 2025 година.

Добитници и губитници

Топ 3 акции со раст на вредноста се:

  • РЖ Техничка контрола – раст од 16,92 %
  • Адинг Скопје – раст од 14,46 %
  • Попова Кула Демир Капија – раст од 12,5 %

Топ 3 акции со пад на вредноста се:

  • Македонијатурист – пад од 28,91 %
  • Макошпед – пад од 25,32 %
  • ВВ тиквеш – пад од 24,12 %

Во првата половина од 2026 година се извршија и блок трансакции во вкупна вредност од 2,4 милијарди денари што претставува зголемување од 216 % во однос на јануари-јуни 2025 година.

Иако класичното тргување во првата половина од 2026 година бележи значителен пад на прометот и на бројот на трансакции, блок трансакциите забележаа силен раст од 216 % на годишно ниво, достигнувајќи вредност од 2,4 милијарди денари. Тоа покажува дека интересот за поголеми институционални зделки останува висок, и покрај послабата активност на редовниот пазар. Истовремено, Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком ја задржаа водечката позиција според остварениот промет.


подготви: Кирко Бошкоски

Повеќе од истиот автор

Најчитано