Поевтина струја + вреден подарок, ЕДС со нова понуда за компаниите

ЕДС ја промовираше својата нова понуда за снабдување со електрична енергија е наменета за деловни корисници и корисници на т.н. индустриска струја. Со секој склучен договор на две години добивате поевтина и фиксна цена на електрична енергија како и избор за вреден подарок согласно потрошувачката.

Во понудата за избор на подарок се вклучени: Xiaomi апарат за кафе, Hisense инвертер клима-уред 3,5 kW, Hisense инвертер клима-уред 5 kW и Samsung телевизор 55 инчи.

Новата понуда на ЕДС е наменета за компании – мали, средни и големи деловни корисници кои имаат потреба од стабилно и предвидливо снабдување со електрична енергија, но и помали трошоци за снабдување со електрична енергија.

Со склучување договор на период од две години, компаниите добиваат фиксна цена на електричната енергија, што им овозможува полесно планирање и управување со енергетските трошоци.

„За деловните корисници, предвидливоста на трошоците за електрична енергија е важен дел од планирањето на работењето. Со оваа понуда сакаме на компаниите да им обезбедиме фиксна цена за период од две години, но и дополнителна вредност преку подарок кој го добиваат со склучувањето на договорот. “, вели Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Новина во понудата е што и клиентите кои не ја достигнуваат потребната потрошувачка за бесплатен подарок, можат да го добијат избраниот подарок со доплата, која може да ја плаќаат на рати преку сметката за електрична енергија.

Понудата е достапна за квалификувани компании, согласно нивната потрошувачка, и важи за договори со времетраење од 2 години.

Повеќе од истиот автор

Најчитано