По обновените напади на Блиски Исток раст на цените на нафта

Цените на нафтата на азиските берзи утрово се зголемија откако САД извршија напад врз иранскиот остров Ларак, а Техеран возврати со напади врз американските бази во Персиски Залив.

Барел нафта Брент од Северно Море утрово се тргуваше за 2,88 проценти повеќе од вчера односно за 90,64 долари.

Додека цената на американската лесна нафта порасна за 2,88 отсто односно барел се тргуваше за 85,75 долари.

За зголемувањето на цената придонесе и најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот Харг, главниот ирански нафтен терминал е „срамнет“, иако нема потврда од армијата. 

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано