Продолжувањето на војната на Блискиот Исток би можело да го преполови очекуваниот глобален економски раст во 2026 година, од 2,9 проценти на само 1,3 проценти, со скок на глобалната инфлација на 4,5 проценти, предупреди денеска главниот економист на Светската банка, Индермит Гил.
Во својот јунски економски извештај, банката разгледа повеќе сценарија, при што најлошото предвидува конфликт меѓу САД и Иран што ќе трае шест месеци или подолго, за кој Гил изјави за Ројтерс дека сега станува реална опција.
Најголемиот ризик е нарушување на пазарот на енергија, особено поради проблемите во Ормуската Теснина, еден од најважните премини за светската трговија со нафта.
Фото Економија и бизнис








