ОН: Директна материјална штета од земјотресот во Венецуела околу 6,7 милијарди долари

Во двата големи земјотреси во Венецуела, бројот на загинати достигна 1450, додека повеќе од 50.000 лица се пријавени како исчезнати.

Извештајот на Обединетите нации (ОН) ја процени директната штета на околу 6,7 милијарди долари.

Спасувачките екипи во Венецуела продолжуваат со очајничката потрага по преживеани по двата разорни земјотреси што ја погодија земјата, додека времето за пронаоѓање луѓе под урнатините сè повеќе истекува.

Според привремената претседателка Делси Родригез, во текот на викендот од урнатините биле извлечени 33 живи лица, меѓу кои и неколку деца.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано