Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодот Проески“
На 03.10.2026 (сабота) со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Р.С.Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.
Според најавите околу 4.000 фанови од Шкотска ќе бидaт утре на нашиот стадион „Тодор Проески“ на кој од 20:45 часот почнува дуелот од Лигата на нации.








