ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ | Крушево − пример за одржлива и за атрактивна туристичка дестинација преку целата година

ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ - Крушево

Потребна е континуирана промоција на Крушево како привлечна зелена дестинација во четирите годишни сезони, со продолжување на престојот на туристите преку објективно и јасно дефинирање на туристичка понуда која ги одразува ваквите заложби. Ова е генералниот заклучок од работилниците меѓу туристичкиот сектор и Општина Крушево на тема „Зајакнување на партнерството за заеднички резултати“, одржани минатиот месец во функција на остварување на целите за одржлив туризам и негова промоција како атрактивна туристичка дестинација преку целата година.

Со поддршка на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост − ИМЕ, дваесетина претставници од приватниот сектор (хотелиери, сопственици на сместувачки и на угостителски објекти), претставници на културните институции, невладиниот сектор и локалната самоуправа имаа можност да ги проследат предавањата и да учествуваат во дискусиите за градење на современ пристап во туристичкото управување од швајцарскиот експерт Оливиер Курат. Учесниците на работилницата дебатираа за отворање на нови туристички перспективи за Крушево преку потенцирање на сопствениот идентитет и понуда на уникатно локално доживување, т. е. „создавање на момент за паметење за посетителите на градот“, како и со промовирање на дестинацијата на целни европски пазари во специфичени сегменти како планински туризам, култура и историја, параглајдерство и велосипедизам, авантуристички активности или практикување јога, медитација и сл.


📄 Прегледај го целиот прилог подолу


Економија и бизнис, 01 април 2026г
Прилогот го подготви: Митко Јовановски


Оваа активност е поддржана во рамките на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, која ја спроведува групацијата Паладиум. Содржината искажана не смее да се смета дека ги одразува ставовите на донаторот и спроведувачот.

Повеќе од истиот автор

Најчитано