НОВА ПЛАНИНАРСКА ТРАГЕДИЈА: ВО ЛАВИНА ВО ПАКИСТАН ИСЧЕЗНАА ДЕСЕТ ПЛАНИНАРИ, МЕЃУ НИВ И ПОЗНАТИОТ АПЛПИНИСТ ПОЗНАТ КАКО „ГОСПОДАР НА ЗОНАТА НА СМРТТА“

Десет планинари исчезнаа во лавина што се случи на еден од највисоките врвови во светот, Брод Пик, а меѓу нив е и светски познатиот алпинист Нирмал Пурџа, кој ја предводеше групата.

Лавината на една од 12-те највисоки планини во светот (висока 8.051 метри) се случи во четврток, а сите обиди за контактирање со исчезнатите досега беа неуспешни.

Во групата беа планинари од Непал, САД, Пакистан, Оман и Кина.

Големата лавина се случи околу 9:20 часот наутро по локално време, но алармот не се вклучи до 13 часот, а Планинарскиот клуб на Пакистан вели дека дознале за лавината дури во 22 часот.

На планината имало четири екипи, а според првите податоци на трагачите, алпинистите престанале да се искачуваат околу 9:30 часот наутро по пакистанско време, а потоа паднале неколку стотици метри.

Aлпинистите на Брод Пик стигнале до Камп 2 во средаta, а планот бил да одат до Камп 3 во четврток, а потоа, по кратка пауза, да продолжат до врвот во петок, но биле погодени од лавина.

Пурџа, кој предводеше еден од тимовите и е поранешен член на британските специјални сили, влезе во историјата во 2019 година искачувајќи ги сите 14 врвови во светот повисоки од 8.000 метри за нешто повеќе од шест месеци.

Според официјална веб-страница, тие 14 врвови ја претставуваат таканаречената „зона на смртта“, област каде што човечкиот живот не може да преживее поради екстремни услови. Пурџа, исто така, држи шест Гинисови рекорди за најбрзо искачување на многу од највисоките планини во светот, во период од шест месеци, пренесува Телеграф.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано