НЕМА ЛИНЕАРНО, ЌЕ ИМА РЕДОВНО НИВЕЛИРАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ, процентот за зголемување се утврдува, изјави премиерот Мицкоски

Македонија и Романија со најголем напредок според стандардите за куповната моќ

Пензиите од септември ќе се зголемуваат согласно законското усогласување, изјави премиерот Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање околу растот на примањата на пензионерите.

Таквата одлука се носи со цел заштита на пензионерите и нивните пензии. Тој рече дека при претходните линеарни покачувања беа поднесени иницијативи до Уставниот суд за нивно укинување од страна на поединци поттикнати од опозициските партии. Затоа, според него, натамошниот раст ќе се одвива исклучиво преку редовно нивелирање утврдено во законот.

„Да, тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци во позадина охрабрени од политички партии да пред Уставниот суд покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон“, кажа Мицкоски за време на посетата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според Мицкоски, износот на зголемувањето на пензиите сè уште се пресметува.

– Не, не се знае. Се пресметува, ќе се знае многу бргу – изјави Мицкоски.

Пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 март и на 1 септември, а во пресметката во согласност со законот еднакво учествуваат порастот на просечно исплатената плата и порастот на трошоците на живот. 

Во изминатите две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, пренесуваат македонските медиуми. 


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано