НЕГОТИНО И ДЕМИР КАПИЈА ПОД СИЛНА НЕСТАБИЛНОСТ СО ПОРОЕН ДОЖД

Помеѓу Неготино и Демир Капија  има силна нестабилност проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР информира дека централните и североисточните делови од државата се уште се зафатени со нестабилност.

Управата соопшти дека попладнево во 17 часот невреме со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град имаше во регионите на Штип и Гевгелија и дека невремето полека се движи кон југоисток.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано