Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,6 % во мај 2026 во однос на мај 2025 година, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7,3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2,5 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,0 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1,6 %, Капитални производи за 2,6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,6 %.
Бројот на работниците во периодот јануари – мај 2026 во однос на периодот
јануари – мај 2025 година се намалил за 3,0 %.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година:
е намален за
- 7,3 % во рударството и вадењето камен
- 2,5 % во преработувачката индустрија
а зголемен за
- 1.0 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
Фото Економија и бизнис








