НАФТЕНИТЕ АМЕРИКАНСКИ ГИГАНТИ ОСТВАРИЈА ВИСОКИ ПРОФИТИ, ТРАМП БАРА ОД НИВ ДА ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА

Американскиот претседател изјави дека компаниите оствариле огромен профит благодарение на потезите на неговата администрација, додека зголемувањето на цените станува поголем политички проблем за републиканците.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика нафтените компании да ги намалат цените на горивата за американските потрошувачи во понеделник, критикувајќи го извршниот директор на нафтена компанија од САД за тоа што не ги признава напорите на неговата администрација за поддршка на нафтената индустрија.

Растечките цени на горивата и зголемувањето на трошоците за живот претставуваат политички ризик за Републиканската партија на Трамп пред ноемвриските избори, на кои републиканците би можеле да го изгубат мнозинството во Претставничкиот дом и евентуално контролата врз Сенатот.

Глобалните цени на нафтата нагло паднаа откако Трамп се откажа од планираниот „масовен напад“ врз Иран во текот на викендот, но ваквите падови не секогаш веднаш се одразуваат на цените на горивата на бензинските пумпи.

Финансиските извештаи  објавени минатата недела покажаа дека американските нафтени компании имаат значителна корист од повисоките цени на суровата нафта и повисоките маржи на рафинирање по конфликтот со Иран, пренесува Вијести.ме.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано