НАФТАТА НАД 84 ДОЛАРИ, ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ ВО ПАД, инвеститорите во очекување на податоците за инфлацијата во Еврозоната

Европските берзански индекси денес се во пад, нафтата од типот Брент се продава за повеќе од 84 долари за барел, а инвеститорите ги следат вестите за ескалацијата на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран на Блискиот Исток и трговскиот биланс на Еврозоната, кој ќе биде објавен во 11 часот.

Германскиот DAX падна за 0,28 проценти, францускиот CAC 40 за 0,26 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,45 проценти, а московскиот MOEX за 2,54 проценти.

Според податоците на берзата во 9:30 часот, цената на суровата нафта WTI падна за 0,47 проценти на 79,206 долари за барел, а цената на нафтата Брент падна за 0,71 процент на 84,399 долари.

Цената на златото падна на 4.025,84 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 6,7805 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Американскиот берзански индекс Dow Jones порасна за 0,29 проценти на 52.658,64 поени, S&P 500 за 0,38 проценти на 7.572,40 поени, а Nasdaq за 0,62 проценти на 26.269,23 поени.

Во петок ќе бидат објавени конечните податоци за јунската инфлација во Еврозоната, што може да влијае на очекувањата во врска со следните потези на Европската централна банка.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано