Национална конференција за Еврокодови 2.0 насловена „Од стандардизација до национална имплементација“ ќе се одржи денеска во просториите на Стопанската комора.
Во фокусот на конференцијата ќе биде процесот на национална имплементација на Еврокодовите 2.0, односно втората генерација на европските стандарди за проектирање и градба.
Во рамки на настанот ќе биде потпишана и Национална иницијатива за имплементација на втората генерација на Еврокодовите во земјава за периодот 2027–2030 година.
Иницијативата ќе ја потпишат претставници на Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, Институтот за стандардизација, Градежниот факултет – Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Стопанската комора – Здружение за градежништво.
Фото Економија и бизнис








