Жителите на станбена зграда во холандскиот град Шидам, недалеку од Ротердам, доживеале необично изненадување кога пронашле банкноти од 50 евра во нивните поштенски сандачиња, а идентитетот на лицето кое им ги оставило парите засега е непознат.
Според извештајот на регионалната телевизија „Омроеп Тви“, десетина станари пријавиле дека пронашле пари во нивните поштенски сандачиња, додека не е исклучено дека има и други приматели на мистериозни подароци.
Една од жителите рекла дека нејзиниот син, додека го проверувал поштенското сандаче, пронашол банкнота, без никаква порака или објаснување.
„Се прашував дали некој ми должи пари, но всушност никој не ми должел ништо“, рекла таа, додавајќи дека нема поим кој би можел да ги остава парите.
Засега, полицијата нема информации за тоа кој стои зад донацијата, но е потврдено дека пронајдените банкноти се автентични.
Сличен случај е забележан во јануари 2024 година во ротердамската населба Делфсхавен, кога жена добила неколку пликови со пари од непознат испраќач.
Во првиот плик имало 250 евра и порака на благодарност за доброто што го направила, со предлог да ги потроши парите за себе или да ги донира за хуманитарни цели.
Во следните два плика, таа пронашла 600 и 1.000 евра, а ниту примателот на подарокот ниту полицијата не можеле да го утврдат идентитетот на мистериозниот добротвор, пренесува Еуроњуз.рс.
Фото Економија и бизнис








