Една од најчестите причини за сообраќајни несреќи е пребрзото возење. Но, дали е покорисно да се вози побрзо и колку тоа време „го чини“ возачот на автомобилот. Математичарот Тони Милун пресметал дека користа од побрзото возење е прилично незначителна заштеда на време. Дали вреди да се брза по патот?, прашува математичарот.
Ако возиме делница од 200 км со брзина од 130 км/ч, ќе ја поминеме за 1 час и 32 минути. Ако забрзаме до 140 км/ч, ќе заштедиме само шест минути и ќе ја поминеме за 1 час и 26 минути.
„Ако возиме 50% побрзо, не заштедуваме 50% од времето“
Математичката пресметка е следна: формулата за брзина е v=s/t, а таа вели дека брзината (v) е еднаква на односот на поминатото растојание (s) и времето (t).
Брзината и времето се обратно пропорционални, т.е. со константно поминато растојание (s), поголема брзина (v) значи помалку потрошено време (t). Затоа процентните промени не се еднакви.
Ако возите 10 проценти побрзо, заштедувате 9,1 процент од времето. Ако возите 100 проценти побрзо, заштедувате 50 проценти од вашето време.
Во секој случај, часовите поминати во пребрзо возење во автомобил со брзина што ја надминува ограничувањето на брзината честопати значат дека ќе стигнете на вашата дестинација неколку десетици минути порано отколку ако возите со нормална брзина, пренесува Индекс.хр.
Фото Економија и бизнис








