МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА СО КВАРТАЛЕН ПАД НА ВРАБОТЕНОСТА, рударството со најголемо намалување

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3,0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2,3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6,8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2,2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2026 година, во однос на април 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1,6 %, Капитални производи за 2,3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,6 %.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано