Прометот на Македонска берза во март 2026 изнесуваше 5,62 милиони евра (-12%), со 1.549 трансакции. Најтргувани беа Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка. Само Алкалоид забележа минимален раст, додека повеќето акции паднаа или стагнираа.
Вкупен промет на берзата
Во третиот месец од годинава на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 5,62 милиони евра, што претставува намалување од 12 % во однос на претходниот месец од 2026 година.
Овој промет беше остварен со 1 549 трансакции со кои се истргуваа вкупно 59 846 акции и 103 474 обврзници.
Најтргувани акции во март 2026
Најголем промет во март на Македонска берза имаа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје со 149.6, 70.9 и 33.1 милиони денари.
Потоа следуваат Макпетрол Скопје со промет 32,9 милиони денари и Македонски Телеком Скопје со 14,3
| Компанија | Промет |
| Комерцијална банка | 149,6 милиони денари |
| Алкалоид | 70,9 милиони денари |
| НЛБ Банка | 33,1 милиони денари |
| Макпетрол | 32,9 милиони денари |
| Македонски Телеком Скопје | 14,3 милиони денари |
Најголеми губитници на берзата
Најголеми губитници во февруари се имателите на акции на Макстил Скопје, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје и Универзална Инвестициона Банка Скопје. Нивните акции се намалија за 10 %, 6,54 % и 5,23 % соодветвно. Во топ 5 акции со намалена вредност се и акциите на Стопанска банка Скопје (- 4,76 %) и Тетекс Тетово (- 4,67 %).
Падот на прометот и слабите ценовни движења укажуваат на воздржаност кај инвеститорите и отсуство на посилен импулс на пазарот.






