Американската печатница за пари ќе започне со производство на нова златна монета од еден долар со ликот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави американскиот министер за финансии Скот Бесант.
„Во годината кога Америка слави 250 години независност, Ковачницата на Соединетите Американски Држави ќе започне со ковање нова златна монета од еден долар во чест на трајното наследство на слободата и трајниот симбол на патриотизмот“, напиша Бесант на својот профил на социјалните мрежи.
Според него, монетата ја претставува „силата на американските вредности и ветувањето за нација посветена на зачувување на слободата за сите“.
Во средината на предната страна од монетата е ликот на Трамп, над него пишува „Слобода“, до ликот на претседателот на САД е мотото „Во Бога веруваме“, а на дното годините „1776-2026“.
Новата верзија на дизајнот се разликува од претходно објавениот предлог, на кој Трамп беше прикажан во профил.
Предлогот за златната монета предизвика реакции во САД, бидејќи американските прописи го ограничуваат прикажувањето на живи претседатели на парите, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис







