Китанчев: Зошто ЕСГ-прашалник?

Богоја Китанчев, советник на Управен одбор по област НЛБ Банка Скопје

Богоја Китанчев, советник на Управен одбор по област НЛБ Банка Скопје

Во услови на подготвување на национална регулаторна рамка за известување поврзано со еколошките, со социјалните и со управувачките (ЕСГ) факторите, како и непостоење на локална класификација, Македонската берза и Народната банка беа пионерите во воведување насоки за известување поврзани со одржливоста, како и за управувањето со ЕСГ-ризиците.

Во контекст на македонскиот банкарски сектор, креирањето на ЕСГ-прашалник се појави како клучен инструмент за процена на овие фактори, особено во светло на аспирациите на земјава за интеграција во Европската Унија и усогласување со глобалните стандарди за одржливост.

Дополнително, во региони како нашиов, каде што економијата е во транзиција и под влијание на меѓународни институции како Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, креирањето ваков прашалник им помага на банките да се усогласат со директивите на Европската Унија. Покрај тоа, користењето на прашалникот ги подготвува и компаниите за очекуваните стандарди и барања на надворешните пазари, овозможувајќи им побезбедно и поефикасно интегрирање во меѓународниот бизнис-контекст.

Со цел да се намали товарот врз клиентите при пополнување на различни ЕСГ-прашалници, кои локалните банки ги користат за свои потреби − товар со кој се соочуваат македонските стопански субјекти, особено при доставување информации до странски, пред сè, европски деловни партнери во нивниот синџир на снабдување, Комисијата за ЕСГ при МБА го прифати предизвикот за изработка на единствен и унифициран ЕСГ-прашалник кој ќе се користи од сите банки во Македонија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано