ЌЕ ИМА ЛИ СЕПТЕМВРИСКО ЗАТЕГНУВАЊЕ НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ВО ЕВРОЗОНАТА? – следната седница на ЕЦБ се одржува во Берлин

Следната седница на ЕЦБ е закажана за 10 септември и ќе се одржи во Берлин, а домаќин ќе биде германската Бундесбанка.

Каматните стапки во еврозоната мора дополнително да се зголемат бидејќи конфликтот на Блискиот Исток се одолговлекува, а силната економија на еврозоната создава ризици од зголемување на инфлацијата, изјави членката на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕСБ), Изабел Шнабел.

Како што изјави таа инфлацијата по сегашната клучна каматна стапка веројатно нема да се врати на целното ниво на среден рок, па затоа ќе биде потребно понатамошно затегнување на монетарната политика“, изјави Шнабел за Блумберг њуз.

Три извори изјавија за Ројтерс во вторник дека креаторите на политиките на ЕЦБ се наклонети кон зголемување на каматните стапки на нивниот септемвриски состанок за да го ограничат инфлациското влијание на војната во Иран, но не се подготвени да сигнализираат понатамошно затегнување после тоа.

ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за прв пат по речиси три години во јуни за да спречи скокот на цените на енергијата предизвикан од војната премногу да се прошири низ економијата, пренесува Пословни дневник.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано