КАРАКАС ВО УРНАТИНИ, се проценува голем број на жртви поради „неармираните згради“ –  геофизичар за катастрофата во Венецуела: „Земјотресот не е тој што убива, туку лошите згради“

Силни земјотреси го погодија западно од главниот град на Венецуела во четврток, соборувајќи згради во Каракас. Првите процени на стручњаците се дека ќе има потенцијално големи жртви и широко распространето уништување низ целата јужноамериканска земја. Според најновите податоци, најмалку 32 лица загинаа, но се стравува дека бројот на жртви е десетици илјади.

Земјотрес со магнитуда од 7,2 степени го погоди 160 километри западно од Каракас, по што помалку од една минута подоцна следеше земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, според Геолошкиот завод на САД.

„Веројатен е голем број жртви и огромна штета, а катастрофата веројатно ќе биде широко распространета“, соопштија од  Геолошкиот завод на САД, кој претходно пресмета 44% шанса за повеќе од 10.000 смртни случаи и 30% шанса за повеќе од 100.000 животи, објавува Би-Би-Си.

Геофизичарот Вилијам Јек од Американскиот геолошки завод (USGS) изјави за CNN дека двата последователни земјотреси веројатно предизвикале огромна штета бидејќи биле плитки и погодиле густо населени области.

 „Не е тресењето на земјата тоа што ги убива луѓето. Зградите се тие што ги убиваат луѓето“, нагласи Јек.

Тој објасни дека Венецуела претежно има неармирани бетонски згради кои се исклучително ранливи на уривање. Ова е во остра спротивност со градежните конструкции во други сеизмички активни делови од светот, како што се Калифорнија или Јапонија, каде што се на сила строги градежни прописи и стандарди за градба отпорни на земјотреси.

„Токму уривањето на ваквите конструкции може да доведе до катастрофални човечки жртви“, заклучи Јек.

Научниците од USGS веќе издадоа драматични предупредувања и проценки што сугерираат дека Венецуела би можела да се соочи со хуманитарна криза од невидени размери. Според нивните компјутерски модели и анализи на интензитетот на плитките хоризонтални раседи, постои дури 44 проценти шанса конечниот број на жртви да надмине 10.000 луѓе, додека проценките оставаат застрашувачки 30 проценти шанса дека бројот на жртви на крајот би можел да надмине 100.000, пренесуваат медиумите во светот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано